Поврзете се со нас

Италија

Мурињо ќе се врати на „Камп Ноу“

Објавено

на

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ова лето ќе се врати на „Камп Ноу“ каде со својата Рома ќе се соочи со Барселона во битката за трофејот „Жоан Гампер“.

Ова е традиционалец Куп со кој Барселона ја најавува новата сезона со тоа што за Рома ова ќе биде второ учество на истиот по 2015 година кога калчолигашот загуби со 3-0 со головите на Меси, Нејмар и Ракитиќ.

Средбата е закажана за 6 август и истата ќе биде интересна затоа што Мурињо одново се враќа во Барселона, клубот во кој работеше на почетокот на кариерата со Боби Робсон и Луи Ван Гал за да потоа тргне по својот пат и има жестоки битки со каталонците како предводник на Челси, Интер и Реал Мадрид.

И оваа година „Жоан Гампер“ ќе донесе пресметка на женските клубови со тоа што истата ќе се одигра на теренот „Јохан Кројф“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни