Поврзете се со нас

Англија

Мурињо ќе навива за Шкотска: Јас сум со вас, можете да испишете историја

Објавено

на

Вечера се играат мечевите од групата Д на Европското првенство, а во истите силите ќе ги одмерат Чешка и Англија, односно Шкотска и Хрватска.

Овие средби со нетрпение ќе се пратат со тоа што некако поголемо внимание има за пресметката на „Хемпден Парк“ каде Шкотите и Хрватите ќе водат битка за пласман во нокаут фазата. Домаќините имаа одлично издание против Англија на „Вембли“, па водени од тоа ќе се обидат да дојдат до триумф кој ќе им овозможи место во елиминациите на шампионатот.

Жозе Мурињо верува дека Шкотска има квалитет, потенцијал и ќе навива за нив на вечерашниот натпревар кој започнува во 21 часот.

-Јас сум со вас. Мислам дека секој мој пријател во Шкотска знае дека сум со нив. Стив Кларк е мој пријател и знам колку селекторот се чувствува одговорно во вакви моменти, -вели Жозе кој смета дека проблем за домаќините може да биде отсуството на Били Гилмор.

-Отсуството на Били Гилмур е огромен удар за Шкотланѓаните, тој беше заслужен за нивниот квалитетен посед и градењето на нападот. Јасно е дека изгледаа многу подобро со него на вториот натпревар отколку без него на првиот натпревар. Би сакал Шкотска да запише историја и да се пласира во осминафиналето. Верувам дека искуството на Вембли ќе им помогне. Менталитетот, емоциите и емпатијата ќе им помогнат,-заврши Португалецот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни