Поврзете се со нас

Италија

Мурињо: Ќе беше поинаку ако друг клуб ги постигнеше нашите фантастични тимски голови

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома денеска ја пречекува Монца во првиот термин за натпревари од Серија А, а тренерот Жозе Мурињо ги информирал новинарите за своите очекувања и ситуацијата со повредени играчи.

Португалецот зборувал за последните добри настапи и победи на „волчицата“, потенцирајќи и дека Ромелу Лукаку прави голема разлика на теренот.

– Победивме на последните три натпревари, што значи дека сме во добра форма.

– Постигнавме неколку фантастични тимски голови, па ако истите беа постигнати од друг клуб со друг тренер, ќе имаше многу повеќе позитивни реакции и ќе добиеја повеќе простор и внимание.

– Кога ги имам сите играчи на располагање, ова е тим кој игра подобро во споредба со претходните години. Влијанието на Лукаку е големо, доволно е само да се каже дека Белоти ланската сезона не постигна гол, а сега веќе има три зад своето име, – рекол Мурињо.

Дибала може да настапи и покрај повредата која го мачи, но против Монца сигурно нема да играат Санчез, Пелегрини и Смолинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни