Свет
Мурињо ја затвора вратата за Португалецот: Не го сакам Роналдо
Жозе Мурињо во изминативе 48 часа навлезе во вербалната војна со Пеп Гвардиола и не пропушти да му испорача „отровна стрела“ на својот колега, но за време на средбата со турските новинари, Португалецот уште еднаш ги демантирал шпекулациите кои станаа актуелни пред две недели.
Дел од турските медиуми пишуваа за можна сензационална соработка меѓу Мурињо и Роналдо во Фенербахче, но Жозе сега уште еднаш негираше вакво можно сценарио и целосно ја затвори вратата за својот сонародник.
– Кристијано нема да дојде во Турција. Главна причина за тоа е што веќе имам тројца добри напаѓачи и не ми е потребен уште еден.
– Кристијано е Кристијано, но не го сакам во овој момент, задоволен сум од напаѓачите кои ги имам. Тој е во Саудиска Арабија и заработува голема сума на пари, а си постави и цел да постигне 1000 голови во кариерата.
– Што би го мотивирало да дојде тука, освен убавината на Истанбул како град ? Инаку, јас не сум тренер кој обожава да купува во зимскиот преоден рок. На играчите им треба време да се прилагодат и потешко е да се адаптирате во еден тим на средина на сезона. Јас нема да одбијам трансфер во јануари, но нема да тропам на врата и да барам нови играчи од управата, – вели Мурињо.
-
Светски првенства17 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија23 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија17 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства18 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Германија23 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија22 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет23 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот