Свет
Мурињо ја продолжи „војната“ со Гвардиола: Сакам правда, не е вистина…
Жозе Мурињо никогаш не останува должен, па така е во случајов со вербалната „војна“ со Пеп Гвардиола кој минува низ еден тежок период во Манчестер Сити.
Гвардиола одговори на провокациите на навивачите на Ливерпул со покажување на шест прсти алудирајќи на освоените пехари во Премиер лигата за да потоа новинарите на островот го споредат овој потег на Пеп со оној на Мурињо притоа порачувајќи дека тука бил крајот на Португалецот.
Шпанецот одново ги потенцираше успесите и дека освоил повеќе пехари од Жозе кој се погоди прозван истакнувајќи дека титулите ги освои фер и чесно јасно обвинувајќи го Сити дека не го направи тоа на регуларен начин затоа што се води постапка, има 115. обвиненија за прекршување на финансискиот фер плеј.
Одново му дојде редот на стратегот на „граѓаните“ кој истакна дека Мурињо е еден од оние кој посакува да го види Сити на колена и во понизок ранг. Овие препирпи продолжуваат и сега одново се огласи стратегот на Фенербахче.
-Во врска со Пеп, дозволете ми да кажам нешто што е… бевме заедно три години, јас бев асистент, а тој играч. Го сакам и тој го знае тоа, ме сака и го знам тоа, нема никакви проблеми меѓу нас. Едно се зборовите, а друго се длабоките чувства.
-Не е точно дека сакам Манчестер Сити да испадне. Вистина е дека сакам правда и многу пати малите клубови се казнуваат за 5,10 евра над буџетот и правилата за финансиски фер-плеј. На пример, јас три години страдав во Рома со големи ограничувања околу тоа. Мислам дека не е фер големите ајкули – кога велам ајкули, велам финансиски ајкули – тие секогаш наоѓаат начин да избегаат од правилата.
-Јас сум само фудбалски човек, човек кој го сака фудбалот, повеќе од професионален фудбалски човек, јас сум многу страстен, едноставно ми се допаѓа правдата во фудбалот. Но, освен тоа, нема лоши чувства, -рече „специјалниот“.
Пеп за провокацијата до Ливерпул во стилот на Мурињо: Јас освоив шест титули, а Жозе три (Видео)
Мурињо „отвори фронт“ со Гвардиола: Јас моите титули ги освоив фер и чесно…
Гвардиола: Мурињо е уште еден од тие кои посакуваат Сити да игра во четвртата лига
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…