Поврзете се со нас

Италија

Мурињо ја посочи главната причина за поразот на Рома од Лацио

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома доживеа пораз од Лацио од 1-0, пораз кој значеше елиминација од Купот на Италија.

„Волчицата“ повеќе ја имаше топката во своите нозе, меѓутоа сетоа тоа е залудно со оглед на тоа што противникот ниту еднаш не беше матиран на „Олимпико“. Овој епилог сигурно е разочарување за Рома кој постојано некако се мачи во домашните натпреварувања и не успева да дојде до посакуваните резултати.

Тренерот Жозе Мурињо смета дека има една главна причина за овој неуспех во Купот-тоа е повредата на Пауло Дибала, играч кој мораше да биде заменет на паузата меѓу двете полувремиња.

-Во првото полувреме бевме тимот со најмногу карактер и изгледавме поорганизирано на теренот. Сè се менува кај нас кога Дибала го напушта теренот, тоа се случи и со Фиорентина кога изгледавме дека можеме лесно да победиме. Без него има помалку квалитет и помалку врски.

-Дибала? Тој ја доживеа вообичаената повреда на мускулот. Тој пред два дена одигра многу физички натпревар и беше на теренот 80 минути. Ова беше меч кој е исцрпувачки и тој сакаше да игра. Имаме примери на луѓе кои се на границите, но ги надминуваат како Манчини кој зема лекови против болки за да игра и не тренира до следниот натпревар.

-Кога Пауло ќе падне, сè станува потешко. Пелегрини влезе откако во неделата претрпе удар во пределот на ‘рбетот. Разочаран сум од некои играчи. Лукаку можеше да постигне одличен гол, доаѓаме до надворешните делови, но не правиме центаршут, -истакна Мурињо кој сега со тимот ќе се фокусира на обврските во Серија А и потоа во Лига Европа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни