Поврзете се со нас

Шпанија

Мурињо ја одби првата голема понуда и пристигна во Барселона (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо заработи отказ во текот на неделава, а само 48 часа по болната вест која ја доби од водечките луѓе на Рома, португалскиот стручњак беше поврзан со експресен премин во Саудиска Арабија.

Дел од италијанските медиуми пренесоа дека Мурињо веќе ја прифатил понудата од Ал Шабаб, но ова попладне пристигна ексклузива дека „специјалниот“ засега не е подготвен за таква егзотична авантура.

Угледниот шпански новинар Педро Мората работи како специјален известувач за „Марка“ и „Кадена Копе“, а сга го искористи своето пријателство со Мурињо за да испрати ексклузива.

– Мурињо самошто ми потврди дека нема да го предводи Ал Шабаб. Во овој момент е на „стенд-бај“ и мирно ја чека понудата која ќе го мотивира, – откри познатиот шпански новинар.

Во меѓувреме, интересно е тоа што Мурињо пристигна на аеродромот во Барселона, па новинарите на „Ел Чирингито“ го запрашаа дали има вистина во преземањето на каталонскиот гигант.

Жозе само се насмевна и не даде никаков одговор, а последните информации се дека ја посетува Барселона поради приватни причини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни