Поврзете се со нас

Италија

Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома направи целосен пресврт на гостувањето кај Сасуоло, а истиот дојде по исклучувањето на еден од домашните играчи поради погруб старт.

На крајот, Жозе Мурињо се израдува на победата против незгодниот противник, а успеа да ја добие и вербалната војна која ја започна во пресрет на мечот. Португалецот зборуваше негативно за главниот судија и пред се првата ѕвезда на Сасуоло, Доменико Берарди, а тоа го продолжи и по мечот.

Мурињо барал да зборува на португалски во комуникацијата со „Скај Италија“ по натпреварот, а притоа испорачал уште една провокација до противниците.

Во завршницата еден од претставниците на Рома беше исклучен затоа што не ја враќаше топката за играчите на Сасуоло да ја продолжат акцијата.

– Противничката клупа беше иритирана од тоа што не ја вративме топката, но јас отидов кај нив и им порачав дека ако сакаат да добијат фер плеј, прво треба истиот сами да го понудат, а во нивниот тим постои играч кој не знае што значи тоа, – рекол Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни