Поврзете се со нас

Свет

Мурињо ја доби првата работа по отказот од Рома (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо пред четири месеци ја заврши соработката со италијанскиот прволигаш Рома кој одлучи да му се заблагодари за неговите услуги и го доведе Даниеле Де Роси како негова замена.

Португалецот не беше задоволен и среќен со потегот кој го повлече „волчицата“ со оглед на тоа што претходно и остана верен иако на маса имаше богати, одлични понуди меѓу кои и онаа да биде селектор на неговата држава.

Во овој период Жозе не најде нов ангажман, ама ја доби првата работа на која ќе можеме да го водиме во сабота. Имено тој прифатил да ја има улогата на аналитичар за „ТНТ Спортс“, поточно ќе коментира и споделува свои ставови за финалето на Лигата на шампионите во кое силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Тоа е дуел кој се игра на „Вембли“, а покрај Жозе тука ќе бидат поранешните англиски репрезентативци Рио Фердинанд, Овен Харгривс и Стив МекМанаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни