Поврзете се со нас

Англија

Мурињо ја доби битката со Гвардиола, Тотенхем ќе преспие на врвот во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Тотенхем славеше над Манчестер Сити со 2-0 во дерби средбата од 9.коло во Премиер лигата.

Составот од Лондон максимално ги искористи своите шанси, погоди во вистинско време и дојде до трите бода во пресметката со „граѓаните“. На самиот старт Тотенхем го отвори резултатот и тоа преку Сон кој ја начна мрежата на гостите во 5 минута.

Сити потоа се обиде да се врати, ја имаше иницијататива, шутираше кон голот на Лорис, меѓутоа не успеа да го израмни резултатот со тоа што мора да се напомене дека во 27 мината Лапорт погоди, ама поради игра со рака со помош на ВАР истиот беше поништен.

Се играше 65 минута кога нововлезениот Ло Селсо на асистенција на Кејн стрелаше за 2-0. По овој нов удар Сити се загуби, едноставно немаше сили за дополнителен притисок и Тотенхем рутински ја заврши работата за 6 сезонска победа и прво место на табелата.

Момците на Гвардиола пак со 12 се на дури 10 место со минус осум во однос на лидерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни