Поврзете се со нас

Свет

Мурињо: Ја чекам вистинската понуда

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо беше дел од спектаклот во Ријад и прв му честиташе на Антони Џошуа за остварената победа над Френсис Нгану, но фактот што беше достапен за медиумите ги натера новинарите да извлечат најнова изјава од „специјалниот“.

Искусниот Португалец секогаш е интересен за англиската јавност и „Скај Спортс“ како главен телевизиски застапник на настанот го интервјуираше Мурињо, на кого му постави прашање дали е подготвен да се врати експресно брзо на тренерските клупи.

Мурињо се поврзува со сензационално враќање во Челси и дел од легендите го одобрија таквиот потег на клубот, но Мурињо вели дека засега нема донесено никаква одлука и ќе размисли добро за да не зажали за потегот кој ќе го повлече.

– Јас не сум на годишен одмор, сакам да работам. Сакам да се вратам одма, но не сакам да донесам погрешна одлука. Ќе чекам за вистинската понуда, онаа која најмногу ќе ме мотивира.

– Да побараат од мене да работам утре, ќе се вратам уште утре. Ако се прашувам јас, ќе ме видите на клупата уште утре, но не сакам да избрзувам, не сакам да донесам погрешна одлука и потоа да жалам, – порача Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни