Поврзете се со нас

Италија

Мурињо истакна зошто навивачите на Рома се подобри од тие во останатите клубови во кои работел

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо го привлече вниманието со своите изјави и на денешната прес-конференција, а уште еднаш ја истакна цврстата врска со фановите на актуелниот клуб Рома.

Португалецот во минатото работеше и во потрофејни клубови како Интер и Реал Мадрид, но ги истакна фановите на „волчицата“ поради еден посебен квалитет.

– Често ме прашуваат чии фанови се најдобри.

– Работев во клубови со одлични навивачи како Реал, Челси и Интер, но тие ретко губат натпревари. Фановите на Рома постојано ја поддржуваат екипата дури и во ситуација кога губевме од Лече во 90. минута. Стадионот беше полн и по ужасниот пораз во Прага. Овие луѓе се неверојатни, рекол Мурињо.

Рома утре им се враќа на обврските во Серија А со гостување кај Удинезе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни