Италија
Мурињо испровоциран од новинарско прашање: Не планирам да слушам некој како тебе

Жозе Мурињо бил расположен за комуникација со новинарите на денешната прес-конференција во пресрет на новиот настап на Рома, но најавувајќи го дуелот успеал да влезе и во конфликт со еден од претставниците на медиумите.
Португалецот најпрвин разјаснил каква е ситуацијата со засилувањата и дали фановите конечно ќе го видат тандемот Лукаку-Дибала на терен.
– Лукаку ќе биде стартер и нема да биде изненадување ако одигра цел натпревар, додека Дибала исто така ќе има минутажа, но мислам дека не е подготвен за цел дуел. Пауло сака да игра и ќе стартува во тандем со Лукаку.
– Проблем беше што имав многу малку играчи на располагање додека траеше паузата, а Пелегрини и Манчини не се целосно подготвени, – рекол Мурињо.
На крајот, Португалецот бил испровоциран од прашањето на новинарот кој го прашал дали жали што Рома играла предефанзивно на дуелот со Милан.
– Мислам дека важна работа за формулата за успех е да не ги слушаш луѓето кои се помалку способни од тебе. Слушањето е важно во обидот да напредуваш, но ти никогаш не си седел на клупа и немам намера да те слушам, – изјавил Мурињо.
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 22 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 21 час
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 20 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 21 час
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)