Поврзете се со нас

Италија

Мурињо испрати прва порака како нов тренер на Рома: Една работа беше пресудна за да ја прифатам оваа работа!

Објавено

на

Рома рано денеска ја информираше јавноста дека патиштата со тренерот Пауло Фонсека ќе им се разделат на крајот од сезоната, но неколку часа подоцна, пристигна „бомба“ од италијанската престолнина, бидејќи беше соопштено звучно име како наследник на досегашниот тренер.

Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Рома и предводник на тимот во новата натперварувачка сезона, откако попладнево и официјално ставил потпис на тригодишен договорот со клубот од „Олимпико“.

Мурињо во изминатиов период си договори три ангажмани за Европското првенство кое ќе го анализира и коментира како колумнист, но после тоа, веднаш ќе се фати за работа и ќе се обиде да ја поправи ситуација во Рома. По краткото официјално соопштение на Рома, со прва изјава се јави и Португалецот кој до неодамна беше менаџер на Тотенхем.

– По средбата која ја имав со раководнста структура, експресно сфатив какви големи амбициии имаат луѓето во Рома. Благодарност до семејството Фридкин кое ме избра да го водам овој голем клуб и што ме направија дел од нивната визија.

– Неверојатната страст на фановите на Рома ме натера да ја прифатам оваа работа и едноставно не можам да дочекам да почне наредната натпреварувачка сезона во Италија, – гласи првата изјава на Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни