Мурињо испрати порака до Ибра: Тој ни е потребен, ама мора…

zoze

Манчестер Јунајтед во минатата сезона се до самиот финиш можеше да смета на услугите на Златан Ибрахимовиќ кој даде 28 гола и запиша 9 асистенции на 46 средби пред да заработи потешка повреда на коленото против Андерлехт во Лига Европа.

Таа тешка повреда во април придонесе Јунајтед да не го продолжи договорот со Швеѓанецот за да пред одредено време се сменат работите и двете страни објават оти си подале рака за нова соработка и ветеранот во новата кампања да биде дел од составот на „Олд Трафорд“.

Низ изминатиов период Златан постојано објавува видеа од тоа како напорно тренира и се подготвува за кам-бек на терените, но искусниот Жозе Мурињо иако признава дека му е потребен испрати јасна порака на оваа тема.

-Тој ни е потребен. Го чекаме, ама со трпение. Тој мора да бдие трпелив. Не треба да биде емоционален, не треба да прави луди работи за да побрзо закрепне. Знам неговата желба е што побрзо да се врати, ама мора да биде смирен, да оди чекор по чекор. Го сакаме, ама во најдобра подготвеност, -порача Португалецот.

Facebook Коментари