Поврзете се со нас

Италија

Мурињо индиректно ја открил причината за откажувањето на Рома од опцијата Бонучи

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialASRoma

Рома изминатава недела беше поврзувана со трансфер на Леонардо Бонучи, а според медиумите иако тој трансфер бил одобрен од Жозе Мурињо, клубот решил да се повлече од идејата поради реакцијата на навивачите.

Фановите на Рома се против доведувањето на поранешниот капитен на Јувентус и тоа јавно го нагласија, а Мурињо на денешната прес-конференција индиректно потврдил дека тоа влијаело на конечната одлука.

– Не е коректно да зборувам за Бонучи, бидејќи тој е фудбалер на Унион Берлин.

– Секогаш велам дека фановите се срцето на клубот, но сопствениците и раководството се тие кои ги носат одлуките.

– Кога ќе направите потег кој им се допаѓа на фановите, само ја зголемувате страста и нивната љубов кон клубот. Кога сакате да направите нешто што не им се допаѓа, мислам дека не треба да го правите тоа. Не можам да кажам ништо повеќе од ова, рекол Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни