Италија
Мурињо имаше што да види: Рома шутна 46 пати, но не победи против „фенерџијата“ (Видео)

Фудбалот е непредвидлива игра во која прикажаната слика на теренот не знае да даде и реален исход во конечниот резултат, а најдобар доказ за тоа добивме оваа вечер на последниот натпревар од саботната програма во Серија А.
Венеција уште ова попладне математички остана без шанси за опстанок во елитата, но пронајде сили да му ги расипе сметките на Жозе Мурињо и покрај тоа што играше со 10 играчи повеќе од еден час.
Гостите поведоа со ран гол преку Окереке во првата минута, а потоа веднаш се ориентираа на одбрана и одолеваа на нападите од домашниот тим. Работата стана потешка за Венеција бидејќи Кијине се самоисклучи со бизарен потег, па неговиот црвен картон значење максимална офанзива на Рома.
„Волчицата“ испрати дури 46 удари на денешниот меч и дури 16 одеа директно во рамките на голот, четири пати ја погоди рамката од голот, но постигна еден погодок и освои само бод.
Шомуродов израмни на 1:1 во 76-та минута, но тоа беше премалку за посакувана победа и Рома сега сериозно си го загрози шестото место на табелата кое води во Лига Европа.
ROMA HAD 46 SHOTS AGAINST VENEZIA 🤯
The match ended 1-1. pic.twitter.com/k3IEkyhmDf
— ESPN FC (@ESPNFC) May 14, 2022
-
Англијапред 19 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 11 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Светпред 20 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 11 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 12 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 18 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 21 час
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 18 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски