Мурињо имаше право: Вториот тим на Сити изгледа застрашувачки, и сигурно би бил конкурент за титулата во Англија (Фото)

murinjo

Жозе Мурињо во неделата како стручен коментатор на „Скај Спортс“ меѓу другото посочи кои тимови ќе се борат за титулата во Премиер лигата оваа сезона.

Контроверзниот Португалец ги наброи Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем и вториот тим на Манчестер Сити како главни кандидати за освојување на тиутлата. Оваа негова изјава предизвика бура реакции на Островот, а дека неговото кажување „држи вода“ покажуваат имињата од кои може да се состави цел тим, а се втор избор на Пеп Гвардиола.

Првиот тим е составен од големите ѕвезди како Стерлинг, Агуеро, Бернардо, Давид Силва, Де Брајн… , додека вториот не се издвојува многу, па тука би можеле да се видат играчи како Гундоган, Родрди, Марез, Сане…

Вака би изгледал вториот тим на Манчестер Сити кој и тоа како би бил конкурент за титулата во англискиот шампионат:

Браво- Кансело- Отаменди- Гарсија- Менди- Гундоган- Родри- Фоден- Марез- Хесус- Сане

MURINJOSITI

Facebook Коментари