Поврзете се со нас

Свет

Мурињо има посебна врска со една ѕвезда на Реал: Тој е мојата гордост, никој не веруваше во него

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо чувствува големи симпатии кон Реал Мадрид поради времето кое го мина во шпанската престолнина, но и поради фактот што тимот сега е воден од неговиот добар пријател, Карло Анчелоти.

Португалецот во безброј наврати не ја криел приврзаноста која ја има кон „кралскиот клуб“, а сега во период кога е доста слободен, откри дека од актуелниот тим на Реал изразит фаворит му е Лука Модриќ.

Мурињо има специјална конекција со хрватскиот маестро поради фактот што токму тој го донесе на „Сантијаго Бернабеу“, и тоа во услови кои не беа нималку едноставни за тренерот, но и за самиот Хрват.

Во тоа време, никој не веруваше дека играчот за врска на Тотенхем ќе се претвори во лидер на Реал Мадрид, но и 12 години подоцна, Лука и натаму е еден од фудбалерите кои прават разлика во тимот на Карлето.

– Модриќ е убавината на фудбалот. Тој е мојата гордост бидејќи јас го донесов во Реал и бев единствениот кој веруваше дека тој е играч за таков клуб. Никој друг не веруваше во тоа. Погледнете го каде е сега, 12 години подоцна, се уште е во клубот. Лука е мојата гордост, – вели Мурињо во обраќањето за „Топс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни