Мурињо им се врати на победите, Лестер го преслуша Вест Хем (Видео)

totenhem-noric

Жозе Мурињо никако не можеше да биде задоволен од поселдните резултати во Премиер лигата, па така по четири меча без триумф во елитното друштво, вечерва конечно се израдува на нова победа во домашното првенство.

Тотенхем не дојде на лесен начин до трите бода во пресметката со Норвич, но сепак успеа да ја оствари целта и да пронајде начин за нов гол откако гостите успеаја да израмнат на 1:1. „Петлите“ дојдоа до водство со погодокот на Деле Али во првиот дел, но Норвич пронајде одговор за ова во 70-та минута кога Пуки израмни од белата точка. Мурињо воопшто не беше задоволен од расплетот на настаните во вториот дел, но девет минути подоцна одново се израдува бидејќи Сон со доста среќа погоди за 2:1 по една блокираната топка по удар на Деле Али.

Со овој гол, Тотенхем стави крај на лошата серија од две реми средби и два порази во Премиер лигата, а новите три бода ги приближија „петлите“ на минус шест од Челси кој е четвртопласиран. Во термниот од 20:30 часот, својот натпревар го одигра и Лестер, тим кој на домашен терен го преслуша Вест Хем со 4:1 и ги остави зад себе двата порази во низа.

Facebook Коментари