Поврзете се со нас

Свет

Мурињо и трите неостварени желби: Тоа се играчи кои секогаш ги посакував во кариерата

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо е едно од најголемите тренерски фудбалски имиња во 21 век, човек кој оствари фантастични резултати низ годините, освои многу титули во Португалија, Англија, Италија, плус тука се и пехарите во европските натпреварувања.

Низ догосегашната кариера има соработувано со многу квалитетни асови, легенди, меѓутоа има и фудбалери кои останале негова желба, поточно не добил шанса да соработува со нив и да ги тренира.

Тој се отвори на оваа тема и во разговорот за јутјуб каналот „Охм“ издвои три легенди-Лионел Меси, Даниеле Де Роси и Франческо Тоти.

-На пример, никогаш немав можност да го тренирам Лионел Меси, но никој не може да го тренира Меси. Апсурдно е да се мисли дека можеш да го тренираш, бидејќи тој е роден со се и веќе знае се. Можеби ќе ве научи на некои работи. Сè што можете да кажете е дека ја имавте честа да го имате во вашиот тим.

-За да останам на темата за Рома, би сакал да го имам Де Роси во Интер и Реал Мадрид, но тоа не беше можно. Го сакав и Тоти во Интер, и покрај неговата возраст во тоа време, но и тоа не беше можно. Тоа се играчи кои отсекогаш ги посакував во кариерата, -порача Жозе.

Инаку овој разговор бил направен пред „специјалниот“ да заработи отказ од „волчицата“ која пак под водство на Де Роси е перфектна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни