Поврзете се со нас

Италија

Мурињо го „закачи“ Педро, Каталди му одговори: Па тој…

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио и Рома ремизираа во дербито во италијанската Серија А, па во недостаток на позначајни моменти, голови во фокусот се дел од актерите со нивните изјави по соочувањето на „Олимпико“.

Тренерите Жозе Мурињо и Маурицио Сари ја „спуштија топката“ ако се земат предвид нивните коментари, зборови пред натпреварот, но „специјалниот“ не би бил „специјален“ ако не најде некоја причина за „закачка“, па така имаше што да каже за ветеранот Педро Ледесма.

Педро е фантастичен играч. Ама тој може да биде и пливач поради начинот на кој нурка во базенот е фантастичен, -истакна Жозе.

На ова му одговори Данило Каталди кој истакна:

-Тој секогаш зборува за титули, ама мислам дека Педро има повеќе од него-рече Каталди.

Португалецот и Шпанецот имаат многу успеси, трофеи низ кариерата, а според „Кориере Дело Спорт“ стратегот е за нијанса подобра, поточно за еден пехар (26/25).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни