Поврзете се со нас

Балкан

Мурињо го загуби турското дерби, па го посочи „виновникот“: Честитки до

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо изминативе денови беше актуелен поради препирките со Пеп Гвардиола, но Португалецот мораше да се фокусира и на обврските со Фенербахче, тим кој вечерва доживеа пораз од Бешикташ од 1-0 во турското дерби.

Фенер ја имаше улогата на фаворит на хартија поради формата, позицијата на табелата, ама уште еднаш се докажа дека дерби средбите се посебни и тука едноставно се брише се од претходно, решава мотивацијата, инспирацијата.

Домаќините триумфираа со голот на Окслејд-Чембрлејн во 73 минута, резултат кој беше разочарување за гостите, резултат за кој Мурињо имаше коментар во негов стил.

-Заслуживме барем нерешено. Натпреварот беше под наша контрола, но не можевме да завршиме. Му честитам на судијата и на Бешикташ. Победи полошиот тим. Иако не бевме совршени, мислам дека бевме подобри, но тие ја искористија единствената шанса. Ќе продолжиме да се бориме за шампионската титула, -истакнал „специјалниот“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни