Поврзете се со нас

Италија

Мурињо го вклучил Ѕаниоло на списокот за ЛЕ, фудбалерот извадил „оправдание“ и не тренира

Објавено

на

foto: https://twitter.com/ASRomaEN

Рома и Николо Ѕаниоло ќе ја завршат соработката во јуни, но дотогаш следува мачен период во кој и двете страни нема да бидат расположени за позитивна комуникација.

Италијанскиот репрезентативец посакуваше трансфер и на крајот остана дел од „волчицата“, но јасно е дека нема да биде во составот на Жозе Мурињо во продолжение на сезоната.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Рома сепак го вклучила Ѕаниоло на списокот за настап во Лига Европа, што според медиумот повеќе е формален потег и не менува ништо во однос на статусот на играчот.

Ѕаниоло пак повторно не тренира со екипата, откако извадил лекарска потврда која ги оправдува неговите отсуства до крајот на месецот.

Фудбалерот треба да биде поштеден поради стрес и ментална истоштеност и Рома нема да може да го казни поради неисполнетите обврски кон клубот и сениорскиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни