Поврзете се со нас

Италија

Мурињо го спречил трансферот на Кјелини во Реал Мадрид

Објавено

на

Џорџо Кјелини два пати бил блиску да го напушти Јувентус, но и во двете ситуации не постигнал конкретен договор со заинтересираните клубови, – открива самиот дефанзивец во својата автобиографија.

Актуелниот капитен на „бјанконерите“ вели дека еднаш бил блиску до трансфер во Реал Мадрид, а вториот пат имало преговори со претставници на Манчестер Сити.

– Имаше две ситуации во кои можев да го напуштам Јувентус, во 2010 и 2011 година.

– Во првиот случај бев многу блиску до потпис за Реал Мадрид, мојот агент водеше преговори, но тогаш го назначија Жозе Мурињо за нов тренер и тој побара да биде ангажиран неговиот сонародник Рикардо Карвалјо.

– Јувентус беше среќен што останав, тогаш дојде и Бепе Марота. Во вториот случај се сретнав со претставник на Сити во Милано, но ништо не излезе од тоа, – вели Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни