Свет
Мурињо го прибра „воинот“ кој разочара во Јунајтед (Фото)
Софијан Амрабат доби стратосферски раст на Светското првенство во Катар и со своите изданија значително му се подигна трансфер цената, но шест месеци подоцна, дури во завршниот ден од летниот преоден рок заврши во Манчестер Јунајтед.
Англискиот клуб го доведе фудбалерот за кој преговараше со месеци, но тоа го направи во вид на позајмица, што на крајот се покажа и како добра одлука од одговорните лица на „Олд Трафорд“.
Амрабат разочара со своите изданија во Премиер лигата и во ниту еден момент не ги оправда очекувањата, по што Јунајтед го врати назад во Фиорентина, клуб кој исто така не го гледаше Мароканецот како дел од своите нови планови.
Поради тоа, Амрабат беше на трансфер пазарот до последен ден од преодниот рок, но денеска успеа да си најде решение, бидејќи Жозе Мурињо е тренерот кој реши да му подаде рака.
Португалецот го прибира „воинот“ кој сигурно ќе сака да се врати во вистинска форма во Фенербахче, а клубот веќе објави слика од авионот во која Софијан е облечен во дресот на великанот од Истанбул.
Amrabat’tan Çubuklu’yla büyük taraftara ilk selam 😎 pic.twitter.com/rjpdrsnpbV
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) August 30, 2024
-
Светпред 19 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
АТПпред 16 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 22 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
Италијапред 20 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Светпред 22 часа
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Светпред 14 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Италијапред 24 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо
-
АТПпред 21 час
Вавринка го состави идеалниот тенисер, Федерер и Ѓоковиќ пред Надал (ВИДЕО)