Поврзете се со нас

Италија

Мурињо го повика дебитантот да му се придружи за време на интервјуто и режираше специјален говор: Да ви раскажам нешто…. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо им даде шанса на девет Примавера играчи во изминатите две сезони како тренер на првиот тим на Рома, а вчера ја заокружи оваа бројка на десет откако во игра влезе и Франческо Д’Алесио.

Младиот 19-годишен играч за врска е фан на Рома од најмали нозе и вчера си го оствари својот сон на натпреварот против Сервет, бидејќи влезе на теренот во последните 15 минути и дебитираше за првиот тим во едно европско натпреварување.

Д’Алесио сигурно ќе го памети овој момент до крајот на својот живот, уште повеќе ако се знае каква чест доби од Мурињо и во моментите кога Португалецот даваше интервју.

Мурињо го повика Франческо да му се придружи во интервјуто, па откри една симпатична приказна за една случка од изминатово лето.

– Прво сакам да ви раскажам една приказна….. Дојди тука…., – започна Мурињо.

– Ова лето пред да дојде до крај на распустот, многу деца беа пред нашиот тренинг и сите сакаа да влезат и да го гледаат тренингот во Тригорија. Тој беше со нас и ни кажа дека го правел истото кога имал 7, 8 или 9 години, но се пожали дека никој никогаш не му ја отворил вратата. Јас бев пресреќен и тогаш им ја отворив вратата на децата и им дозволив да влезат.

– Еве до каде дојде, сега игра за Рома во Лига Европа на „Олимпико“ пред 50 или 60 илјади фанови. Тука беа неговата мајка, неговиот татко и неговата сестра и не сакам да кажам ништо повеќе, нека зборува тој, – изјави Мурињо како голем шмекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни