Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо го опомена својот нов играч: Вирусот на „фенси“ фудбал се побрзо се шири

Објавено

на

Жозе Мурињо е доста критички настроен кон своите напаѓачи од стартот на сезоната, па откако веќе во неколку наврати го опомена Тами Ејбрахам, сега на ред дојде и последното големо засилување во офанзивата.

Андреа Белоти вчера постигна гол во победата на Рома над Хелсинки од 3:0, но сепак португалскиот стручњак нагласи дека не му се допаднале некои потези од напаѓачот, кои воедно и не се карактеристични за него.

Мурињо нагласи дека Дибала бил човек на пресврт со голот за 1:0 на стартот на полувремето и повторно го исткана Аргентинецот како човек на одлука, додека од Белоти побара да биде попрагматичен во иднина и да си ја врши работата за која е донесен.

– Вирусот на „фенси“ фудбал се шири во фудбалот се повеќе и повеќе, бидејќи сега гледавме како Белоти се обидува да игра со пета во неколку наврати.

– Тоа не е неговиот стил. Негова работа е да ја допре топката и истата да мине зад линијата. Сакам да го прави само тоа, на било каков начин. Без разлика дали е тоа со колено, глава или задник. Ние креираме многу шанси на сите натпревари и мислам дека даваме премалку голови, – изјави Жозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни