Поврзете се со нас

Англија

Мурињо го олесни својот џеб со 500 фунти за да го исполни ветувањето кон Регилон (Фото)

Објавено

на

Жозе Мурињо почна да го следи светскиот тренд и се почесто е активен на социјалните мрежи, или поточно, менаџерот на Тотенхем редовно го користи својот личен Инстсаграм профил за да ги искаже своите импресии по натпреварите.

Сепак, последната објава на Мурињо не се однесува на резиме од некој натпревар или најава за следниот предизвик, бидејќи Португалецот им долови на своите следбеници дека знае да го испочитува дадениот збор, особено кога ќе му даде ветување на свој фудбалер.

Мурињо позираше со Регилон во друштво на провкласно сувомеснато свинсо месо, кое очигледно левиот бек на Тотенхем го добил како награда за спектакуларната адаптација во Премиер лигата и извонредното влијание во стартната постава на „петлите“.

– Ветување си е ветување. Ме чинеше 500 фунти, но јас си ги исполнувам ветувањата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни