Поврзете се со нас

Свет

Мурињо го објасни својот трансфер во Фенербахче со брутална провокација до Рома и Тотенхем

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо доживеа незаборавни моменти на презентацијата во Истанбул и во прво лице се запозна со страста на навивачите на Фенербахче, но покрај првичното обраќање кое го имаше на стадионот, Португалецот наредниот ден одржа и прес-конференција за да ги објасни главните причини за прифаќање на одлуката.

По заминувањето од Рома, Мурињо нагласи дека ќе чека проект кој ќе биде навистина амбициозен и кој ќе му овозможи да се занимава само со тренерските работи, па во ситуација кога многумина сметаат дека направи огромен чекор назад во кариерата, искусниот Португалец накратко образложи зошто Фенербахче е клуб кој има поголеми амбиции од неговите два последни клуба.

Жозе во свој стил испорача „отровни стрели“ за Рома и Тотенхем, клубови во кои заработи отказ во ситуација кога сезоната не беше блиску до својот крај.

– Важен дел од договорот е оној во кој се гледа амбицијата, сигурното место и комфорот во еден клуб. Мојот дом и натаму е во Лондон, имам куќа таму, но дали вреди да бидам во Лондон и дел од клуб кој се бори за шесто, седмо или осмо место, или да се задоволам со Лига Европа. Го имав тоа во последниот клуб во Англија, ве прашувам вас, дали е тоа амбиција?

– Исто така, сите знаат дека ја сакам Италија, правев чуда со италијански тим во европските натпреварувања, но постојано завршувавме петти, шести или седми. Дали тоа е амбиција? Амбиција е да сакате да победувата, амбиција е да чувствувате притисок на сеој меч ако сакате да станете шампиони. Тој притисок го има во Фенербахче, – порачува Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни