Поврзете се со нас

Свет

Мурињо го напушта Истанбул поради операција за решавање здравствен проблем

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо сезонава го води Фенербахче, екипа со која е на второто место во турското првенство, но и не успева целосно да ги оправда очекувањата на раководството и фановите.

Португалецот имаше и неколку конфликтни изјави за медиумите, па новинарите почнаа со шпекулации дека бргу ќе замине од Истанбул, нешто што сега станува факт, но само за краток период.

Мурињо сега ја напуштил Турција бидејќи морал да оди на оперативен зафат, за да реши засега нејасен здравствен проблем и тоа го реализира во друга земја.

Во периодот кога Мурињо нема да биде присутен во Истанбул, неговите соработници и фудбалерите добиле одмор, па странските играчи во најголем број веќе се упатиле во земјите од кои потекнуваат или на заслужен одмор.

Фенербахче следниот натпревар ќе го игра на 5. јануари и тоа против Хатајспор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни