Поврзете се со нас

Европски првенства

Мурињо го најде виновникот во португалскиот состав: Досега игравме со 10 фудбалери

Објавено

на

Португалската репрезентација оствари убедлива, но тешка победа над Унгарија и дозволи пресврт во корист на Германија во второто коло, а Жозе Мурињо ја детектира причината за неубедливите игри на португалската репрезентација.

Мурињо е убеден дека неговата земја има квалитетен национален тим, но само ако игра со 11 фудбалери, а досега тоа не било случај.

– Кога Португалија игра на потребното ниво, може да победи секого.

– Сепак важно е да имаме 11 фудбалери на теренот, а на досегашните два натпревара имавме 10 затоа што никаде го немаше Бруно.

– Да се надеваме дека ќе се појави против Франција затоа што има голем потенцијал, знае да додава, да постигнува голови, да изнудува пенали и да ги реализира, да не зборувам за слободните удари.

– Португалија располага со одлично офанзивно трио со Роналдо, Бернардо Силва и Жота, но кога Бруно не игра добро, отсуствува добрата соработка со средниот ред, – изјавил Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни