Поврзете се со нас

Свет

Мурињо го најави наредниот тренерски предизвик: Тоа е лига на страст и страста во фудбалот е сè за мене

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо е долго на фудбалската сцена, односно неговата тренерска кариера веќе трае повеќе од две децении, кариера која ја започна во родната Португалија по што преку Англија, Италија, Шпанија денеска е во Турција каде го води великанот од оваа земја Фенербахче.

До кога Мурињо ќе се задржи на ова место останува да видиме, но во иднина би можеле да го видиме на интересна локација и како тренер на Селтик или Ренџерс.

-Зошто да не во иднина? Луѓето велат дека шкотската лига е лига на две екипи, но тоа е лига на страст и страста во фудбалот е сè за мене.

-Да се ​​игра на празни стадиони или каде што го нема тој оган на страста, за мене тоа нема никаква смисла. Селтик и Ренџерс се големи клубови со големи фанови, големи емоции, големи одговорности и големи очекувања, па зошто да не?, -одговори Жозе запрашан за оваа опција за преселба на островот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни