Мурињо го доставил првото јануарско трансфер барање до управата на Јунајтед

Manchester United Training and Press Conference

Жозе Мурињо беше прилично ангжиран и активен во претходниот летен преоден рок во кој доведе три засилувања, а бидејќи е познат по тоа што не прави големи промени во својот тим на средина на сезоната, англиските медиуми сега откриваат дека Португалецот всушност има само една трансфер мета за месец јануари.

„Индепендент“ излезе со ексклузива дека Мурињо веќе го доставил првото и примарно трансфер барање до управата на Манчестер Јунајтед, а истата се однесува на суперталентиран играч за врска кој според него ќе ги спречи проблемите со кои се соочи на стартот на новата натпреварувачка сезона.

Станува збор за младиот Карлос Солер од Валенсија кој важи за разновиден играч за врска кој може да игра на сите позиции во везниот ред, ангажман со кој Мурињо сака да стави крај на непосакуваните ситуации како онаа со Пол Погба за кого едноставно нема адекватна замена на средината на теренот.

Солер настапува за младинската шпанска репрезентација и оваа сезона е еден од најдобрите играчи во разиграната Валенсија која нема пораз во Примера, а англиските медиуми предвидуваат дека Јунајтед ќе мора да издвои околу 35 милиони евра за да ги обезбеди услугите на 20-годишниот голем талент на „лилјаците“.

Facebook Коментари