Поврзете се со нас

Европски првенства

Мурињо ги прогнозирал победникот, најдобриот стрелец и МВП играчот на претстојното ЕП

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Европското првенство во Германија започнува за два дена, а Жозе Мурињо не се сложува со обложувалниците дека главен фаворит за трофејот е актуелниот вицешампион Англија.

Португалецот прогнозирал која селекција ќе победи, но и кои фудбалери ќе ги освојат индивидуалните награди на турнирот, при што најголема предност и дава на репрезентацијата на својата земја.

Мурињо за „Ти-Ен-Ти“ истакнал дека очекува победник на ЕП да биде Португалија, додека Англија повторно ќе загуби во големото финале.

Новиот тренер на Фенербахче смета дека најдобар стрелец ќе биде Хари Кејн, а неговиот сонародник Џуд Белингам ќе биде МВП на турнирот. Интересно, Мурињо истипувал и кој ќе ја освои „Златната топка“ оваа година, а неговото мислење е дека таа ќе заврши кај Винисиус Џуниор од Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни