Свет
Мурињо ги издвои двете најголеми грешки во кариерата: Фудбалот е во раце на неспособни феномени!
Жозе Мурињо направи операција на жолчното ќесе и успешно се опоравува од хируршкиот зафат, но како и обично, „специјалниот“ и во вакви услови остана достапен за медиумите.
И покрај тоа што неговата етапа во Рома на крајот заврши доста неславно, Мурињо се уште има одличен однос со голем број италијански новинари, па затоа често се наоѓа на насловните страни како што е и во последниот ден од годината.
Ексклузивното интервју за „Кориере дело Спорт“ носи навистина интересни одговори од искусниот стручњак, кој за крај на 2024-та година реши да ги издвои двете најголеми грешки во долгогодишната кариера.
– Дали жалам за нешто во фудбалот? Жалам што го одбив Флорентино и што му кажав „НЕ“ после новата понуда која ми ја даде во Реал. Ми велеше да не си одам, дека сум го минал најтешкиоет период, но јас сакав да се вратам во Челси после три интензивни години и жестоки битки во Шпанија.
– Исто така, требаше да си заминам од Рома по финалето во Будимпешта со Севилја. Фудбалот е во раце на феномени кои се неспособни. Откако си заминав, повеќе не гледам ниту еден натпревар на Рома, но затоа ги гледам оние на Интер, – открива Мурињо.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…