Италија
Мурињо ги избегна новинарите, не направил никаква подготовка за финалето против Феенорд

Рома успеа да слави во првиот натпревар од последната рунда во Серија А и со тримф од 0:3 над Торино си обезбеди учество во Лигата на Европа наредната сезона, без оглед на тоа што ќе направи во финалето во Конференциската лига.
Благодарение на сигурната победа на гостувањето, Рома ќе биде најмалку шестопласирана на крајот од сезоната, а може да заврши и петта доколку Лацио загуби од Верона на натпреварот кој го игра на домашен терен.
Својата прва сезона како тренер на Рома во Серија А, Жозе на крајот ја заврши во свој необичен стил, односно одби да разговара со новинарите и ги избегне претставниците на медиумите, од едноставна причина веднаш да се насочи кон она што следи и сериозно да ги засука ракавите.
До мечот со Торино, Мурињо не направил никаква подготовка за финалето против Феенорд кое се игра во Тирана, а тоа го откри дефанзивецот Манчини.
– Се уште не сме го анализирале и простудирале Феенорд. Тренерот имаше максимален фокус на Торино, за него беше најважно да победиме вечерва против Торино. Нема да лажам, гледав неколку меча на Феенорд оваа сезона, но од недела ќе започне нашето студирање на противникот во финалето, – откри Манчини.
-
Светпред 17 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 17 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
АТПпред 19 часа
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 18 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 18 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 6 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
Италијапред 18 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот
-
Англијапред 12 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола