Мурињо со епски говор за Рашфорд им одржа лекција на новинарите

joze-markus

Жозе Мурињо се појави на денешната прес-конференција во пресрет на гостувањето кај Ватфорд, а истата ќе остане запаметена по епскиот говор кој го одржа португалскиот стручњак во врска за фудбалерот кој доби непристојни предлози во изминативе неколку дена.

Алан Ширер и Џејми Карагер јавно му порачаа на Рашфорд да си замине од Јунајтед поради тоа што никогаш нема да ја има улогата на главен играч во тимот на Мурињо, а на сето тоа се надоврзаа и англиските медиуми кои со анализи и студии поддржаа добар дел од теориите на фудбалските легенди.

Ваквиот целокупен став очигледно воопшто не му се допадна на Жозе, па затоа денеска со епски говор им одржа лекција на новинарите, а притоа индиректно ги нарече Ширер и Карагер опсесивни лажговци.

– Знаеме дека одредени луѓе имаат две плати. Работата за клубовите, а потоа пренесуваат информации во јавноста. Тоа стана нормално, иако не е етички. Одредени луѓе се будат наутро и прво мислат на Жозе Мурињо и Манчестер Јунајтед. Жал ми е за нив, има многу поинтересни работи во животот. Во продолжение, имам една анализа за навивачите на Манчестер Јунајтед, ова е само за вас, со ова сакам да објаснам што правиме со Рашфорд, Шо, Лингард или МекТоминеј. Во сезоната 2016/17, Маркус одигра 32 натпревари во Премиер лигата, 11 во Европа лигата, вклучувајќ го и финалето, 3 во ФА купот и 6 во Лига купот. Вкупно одигра 53 натпревари, но ако сакате да зборуваме за минутите, одига 3068 минути. Ако го поделите ова на 90 минути, вкупно одиграл 34,2 натпревари во таа сезона. Следната, 2017/18 сезона, одигра 35 натпревари во Премие лигата, 8 во Лигата на шампионите, 5 во ФА купот, 3 во Лига купот и го одигра Суперкупот. Одигра 52 натпревари со минутажа од 2676 минути, односно има 29,7 натпревари ако го поделите тоа на 90 минути. Заклучокот е дека Рашфорд во две сезони со мене, одигра 105 натпревари, 5774 минути, 63 комплетни меча и 5 финалиња, – порача Жозе.

Facebook Коментари