Мурињо е среќен што Ибрахимовиќ се врати, но призна дека еден друг играч е незаменлив

joze-mikrofon

 

Жозе Мурињо кажа дека е среќен што клубот застанал зад Златан Ибрахимовиќ по повредата, откако денеска Швеѓанецот го имаше првиот настап за „црвените ѓаволи“ по повредата во април, но португалскиот тренер призна дека еден друг играч во неговиот тим е незаменлив.

Станува збор за Пол Погба, кој, исто така, денеска се врати во тимот по пауза од 12 меча поради повреда.

–  Да, тој влијае на нашата игра. Кога се повреди, решив да ја држам устата затворена, бидејќи тогаш мислев дека тоа е најдобриот начин. Не може да плачеме, мораме да најдеме решенија, но сите ние знаевме дека некои играчи влијаат на вкупното ниво на тимот. Со него имаме многу повеќе креативност, имаме секогаш втора опција и среќни сме што се врати – изјави Мурињо по победата од 4:1 против Њукасл.

Facebook Коментари