Мурињо два дена по дербито го искоментира инцидентот со помошникот на Сари

joze-tepa

Новинарите ја искористија денешната прес-конференција на Жозе Мурињо за повторно да го потсетат на инцидентот од финишот на дербито меѓу Челси и Манчестер Јунајтед.

Марко Јани, еден од помошниците на Маурицио Сари, успеа да го испровоцира Португалецот по што овој тргна да се пресметува со него, но по мечот Италијанецот му се извинил, а Мурињо потврди дека го прифатил извинувањето бидејќи и самиот правел грешки во кариерата.

Менаџерот на Јунајтед денеска повтори дека му простил на Јани.

– Сериозен сум кога изразувам посебна благодарност од Сари за неговата чесност, му благодарам и на Челси, но не сум задоволен поради бучавата која се крена поради овој случај. Го прифатив извинувањето и не сметам дека поради потегот треба да биде отпуштен, – истакнал Мурињо.

Facebook Коментари