Поврзете се со нас

Англија

Мурињо дрско му возврати на Солскјер: На Оле не му се важни головите, туку нешто друго! (Видео)

Објавено

на

Тотенхем на навистина болен и несреќен начин загуби драгоцени два бода во дуелот со Њукасл, откако Ерик Даер случајно играше со рака и му подари пенал на гостинот во 95-та минута од мечот.

По прегледот на ВАР снимката, главниот судија Банкс покажа на белата точка, а прецизен реализатор беше Вилсон кој во 97-та минута израмни на 1:1 и го фрли во очај Жозе Мурињо и фудбалерите на Тотенхем кои претходно пропуштија многу шанси да имаат комотна предност.

Тотенхем поведе уште во првиот дел со голот на Лукас, но фактот што не искористи одлични прилики за втор гол на крајот „петлите“ скапо го платија.

Мурињо беше до толку разочаран што порано се упати во соблекувалната, а пред да почне натпреварот, за издвојување е една негова изјава со која дрско му возврати на Оле Гунар Солскјер.

Менаџерот на Јунајтед вчера го „пецна“ Жозе Мурињо по драматичната победа која ја оствари Јунајтед над Брајтон, порачувајќи дека добра вест за него е тоа што Португалецот не бил на теренот да ги мери головите (откако противникот пет пати ја погоди рамката од голот).

Оваа изјава на Оле секако беше резултат на барањето кое го имаше Жозе на националната Арена во Скопје, кога побара головите да бидат заменети поради различни димензии од оние стандардните.

Денеска, Мурињо беше запрашан дали ги мерел головите, по што менаџерот на Тотенхем во свој стил му возврати на Солскјер.

– Не, денеска не ги мерев головите бидејќи знам дека истите се во ред. Оле вчера беше пресреќен и изненаден од тоа што се случи со неговиот тим. Тој се пошегува на моја сметка, но димензиите на голот не се важни за него, за него важни се димензиите на шеснаесетникот. Мислам дека тој претпочита да игра на терен каде шеснаесетникот има 20 метри, – порача Мурињо, јасно алудирајќи на големиот број пенали кои ги добива Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни