Поврзете се со нас

Свет

Мурињо добива класа засилување – за таа цел Фенербахче го урива рекордот

Објавено

на

Фенербахче минатото лето потроши огромна сума пари на засилувања, а во клубот меѓу другите пристигнаа и Един Џеко, Душан Тадиќ, Фред, Џенгиз Ундер, Раде Круниќ, Леонардо Бонучи и многу други.

Но, ниту тоа не му помогна на Фенер да го освои шампионатот на Турција, кој се чека од 2014 година. На крајот од сезоната беше јасно дека Исмаил Картал нема да остане тренер на оваа екипа бидејќи многумина го прогласија за најслабата алка во Фенербахче.

Челниците на Фенербахче се фатија за работа и успеаја да го доведат Жозе Мурињо на тренерската позиција, па не е ни чудо што имаат огромни очекувања во новата сезона.

Мурињо доби одврзани раце кога е во прашање играчкиот кадар, а клубот напорно работи да доведе што е можно подобро засилување и конечно да ја запре доминацијата на Галатасарај.

Се очекува Фенербахче наскоро да го објави доаѓањето на уште еден напаѓач, а тоа е Јусеф Ен-Несири, кој за 20 милиони евра ќе дојде од Севиља, со што ќе стане најскапото засилување во историјата на турскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни