Поврзете се со нас

Англија

Мурињо до медиумите: Не сакам да зборувам со вас за проблемите…

Објавено

на

Тотенхем претрпе пораз од Манчестер Јунајтед и со тоа направи чекор наназад во битката за пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Домаќините водеа со 1-0 по првите 45 минути, но во второто полувреме работите се сменија и Јунајтед со три гола дојде до триумф со кој се зацврсти на втората позиција во Премиер лигата. Жозе Мурињо не беше расположен по средбата и во свој стил им испрати порака на медиумите.

-Не се чувствувам пријатно да разговарам со вас за причините зошто ја изгубивме предноста и на крајот изгубивме. Не сакам да разговарам со медиумите на таа тема и да навлегувам подлабоко, бидејќи на крајот секогаш ме критикуваат. Само ќе кажам општи работи. Значи, загубивме од добар тим, му ја честитам победата на Јунајтед, -рече Португалецот и додаде:

-Во второто полувреме работите тргнаа наопаку за нас, но заслуживме да постигнеме гол при 1-1 и 2-1. На крајот изгубивме, ама немам замерки за играчите. Ни останува борбата за топ 4, знаеме колкава е разликата во однос на ривалите, -заврши специјалниот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни