Поврзете се со нас

Италија

Мурињо: Цела недела се лажев себеси и сите околу мене

Објавено

на

Рома го победи Сасуоло на драматичен начин, овозможувајќи му на тренерот Жозе Мурињо да слави победа на 1.000-тиот натпревар како професионален тренер.

Португалецот со спринт кон трибината го прослави погодокот на Ел Шарави во судиското надополнување, а по натпеварот признал дека резултатот му бил многу важен.

– Ова беше фантастичен натпревар, двете екипи можеа да победат, а можеше да заврши и со резултат 7:7.

– Цела недела се залажував себеси и другите дека ова е обичен натпревар за мене. Сепак се работеше за специјален натпревар и не сакав да загубам, сега до крајот на животот ќе го паметам илјадитиот натпревар во кариерата.

– Денеска немав 58 години, туку некаде меѓу 12 и 14, едноставно се претворив во дете бидејќи ми се оствари желбата, – изјавил Мурињо, објаснувајќи го својот спринт до трибината каде фудбалерите го прославуваа голот на Ел Шарави.

Рома победи во драматичен финиш, Мурињо трчаше спринт до трибината (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни