Мурињо брилира: Ова беше многу позитивна недела за нас

joze-sal

Тренерот на Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден одржа прес конференција во пресрет на неделниот натпревар против Барнли кој според многумина е решавачки за неговата судбина на „Олд Трафорд“.

Мурињо во свој стил, на ладнокрвен начин на прес конференцијата истакна дека оваа недела била многу позитивна за нив од една проста причина.

-Направивме неколку грешки и бевме казнети за тоа. Сепак, играчите покажаа вистинска страст и мислам дека реакцијата на фановите по натпреварот беше за нив, не за мене. Се почувствував понизно, и почувствував дека тимот е доста поддржан. Токму поради тоа оваа недела не беше толку тешка за нас, туку ова беше недела во која луѓето во Манчестер беа позитивни- коментираше Мурињо.

Facebook Коментари