Поврзете се со нас

Англија

Мурињо беше во право: Говорот на Жозе и советот до Деле Али (ВИДЕО)

Објавено

на

Деле Али е еден од играчи за кого се говори во англиската јавност, а причината за тоа е можноста да го напушто островот и да се пресели во редовите на Бешикташ.

Али веќе некое време не игра на посакуваното ниво, не успеа да се снајде ниту во Евертон и многумина се прашуваат дали може да ја врати својата кариера на вистинската патека. Тој своевремено важеше за голем талент, играч од кого многу се очекуваше, меѓуто иако рабоите не се движеа онака како што му предвидуваа сепак тој има 26 години и дефинитивно има простор и време да го врати стариот сјај.

Токму во овие моменти кога Деле е во фокусот на социјалните мрежи, меѓу луѓето и навивачите вирално повторно стана видеото во кое Жозе Мурињо разговара со фудбалерот кога двајцата беа во Тотенхем.

Жозе му порача дека времето брзо лета и дека мора тој самиот да бара повеќе од себе за да потоа не жали за ништо на крајот на кариерата.

Коментарите се дека Мурињо бил во право, но и дека поранешниот англиски репрезентативец не го послушал советот, најдобар доказ за тоа е моменталната негова ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни