Мурињо бесен како рис за проблемите на неговиот стопер: Во мојата 17-годишна кариера никогаш не сум доживеал вакво нешто!

joze-mikro-mancesterr

Жозе Мурињо е познат по тоа што внимава на најситните детали кои се поврзани за неговите фудбалери, а честопати знае да избувне кога некој негов фудбалер ќе се врати повреден од интернационалните обврски, особено како што беше случајот во изминативе 10-тина дена.

Во најавата за дуелот со Њукасл, Мурињо јасно им објави војна на лекарскиот тим на англиската федерација и селекторот Саутгејт, од едноставна причина што решиле да го принудат Фил Џоунс да игра на пријателски меч со Германија кога воопшто не се чувствувал добро да го стартува мечот.

Португалецот обелоденува дека на неговиот стопер морале да му бидат ставени дури шест инекции со анестетици за убивање на болката, ситуација која едноставно го разбесни Мурињо кој во свој стил имаше што да каже на оваа тема.

– Во сите 17 години како менаџер, никогаш не сум доживеал вакво нешто. Не сум видел на еден играч да му бидат ставени шест анестезии за да игра пријателски меч. Никогаш не сум видел, ниту сум чул за такво нешто. Јас не сум ангел, да, сум им давал на мои играчи инекции за да одигарат еден меч, но само кога станувало збор за официјален меч, за важен меч. Но, да добиете шест инекции со анестетици за пријателски меч, е такво нешто немав чуено. Сепак, Фил Џоунс добил таков третман пред мечот со Германија. Попладнето пред мечот добил една инекција, а потоа на загревањето повторно почувствувал проблем. До пред почетокот на мечот добил уште пет локални инекции за да го одигра пријателскиот меч. Немам ништо повеќе што да кажам, – иронично порачал лутиот Мурињо.

Facebook Коментари