Мурињо: Ако Ливерпул го победи Сити ќе ја освои Премиер лигата

henderson-salah

Искусниот португалски стратег, Жозе Мурињо верува дека Ливерпул ќе дојде до титулата во Премиер лигата ако вечерва слави во дербито против Манчестер Сити.

„Црвените“ имаат шанса со победа да дојдат до предност од девет бода во однос на ривалот од „Итихад“, а тоа според Мурињо дефинитивно може да биде клучно и лигашката титула по три децении да се врати на „Енфилд Роуд“.

-Мислам девет поени, за добар тим тоа е разлика која треба да ја контролираш. Па затоа сметам дека ако Ливерпул победи моам да видам како ја освојуваат титулата, -истакна Мурињо кој смета дека Сити ќе биде задоволен со бод од оваа пресметка.

-Бод не е доволен за Ливерпул. Тие се многу добар тим, но Сити е способен да врзи последователни победи. Секогаш ќе се случи „лизгање“ на Ливерпул. Затоа, мислам дека денес може да се гледа како на противречност. Дури и ако Ливерпул има предност од шест бода, реми е позитивен резултат за Сити и лош резултат за Ливерпул. Ливерпул треба да го добие моментумот, мора да добие малку кршливост на Сити во овој момент и според мене победа на домашен терен на „Енфилд“ е единствениот добар резултат за нив, -порача Португалецот за „Скај Спортс“.

Facebook Коментари