АТП
Муратоглу за тоа кој може да им се закани на Ѓоковиќ и Надал: Не е само моќен, туку и супер прецизен

Пред нас е најпрестижниот грен слем Вимблдон, турнир на кој најголеми фаворити за пехарот се Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Тоа го велат обложувалниците, дел од тениските експерти со тоа што повеќе од јасно е дека секогаш има простор за изненадувања, односно асови кои можат да дојдат до самиот крај со оглед на тоа што мечевите на трева секогаш се посебни и специфични.
Патрик Муратоглу како тениски стручњак многу добро ги знае условите на Вимблдон и што носат битките во Лондон, па така според него Матео Беретини е еден од играчите кои важат за фаворити за пехарот.
Италијанецот минатата година играше во финалето, а годинава е во добра форма пред турнирот и доказ за тоа се триумфите во Штутгарт и Квинс.
-Прекрасно е да се види Беретини повторно на трева. Мислам дека тоа ќе биде вистинска закана за Ѓоковиќ и Надал поради својот стил на игра. Тој не е само моќен, туку и суперпрецизен. Неговиот форхенд е еден од најсилните. Во своите сервис гемови, ако му ја вратат топката со ритерн, Матео го наоѓа својот форхенд и го става противникот во одбрана или го погодува винер.
-Иако неговиот бекхенд е послаб удар, Матео има добар слајс, идеален за трева. Тој го користи за да противниците му вратат повисока топка, давајќи му така шанса за форхенд, -истакна Патрик во својата анализа.
-
Македонијапред 3 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 19 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Мото ГПпред 19 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Англијапред 17 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
Англијапред 16 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата