Поврзете се со нас

АТП

Муратоглу верува во Ѓоковиќ: Мислам дека ќе освои…

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја задржи круната на неговиот омилен грен слем Аустралијан Опен каде беше запрен од Јаник Синер кој потоа и го освои овој прв голем турнир во 2024 година.

Србинот не делуваше баш најдобро на овој настан, имаше проблеми, покажуваше одредени слабости во скоро секое коло, ама успеваше да ги надмине сите пречки се до дуелот со Синер кој покажа дека во овој момент има решение за него, односно може максимално да му биде конкурентен.

По ваквиот резултат одново почна да се зборува за можниот пад на Новак, односно дека новата генерација ќе успее да го тргне од престолот, ама сите не го делат овој став.

Според Патрик Муратоглу кој е долго време во тенисот и има соработувано, тренирано големо број на познати имиња како Димитров, Вилијамс (Серена), Циципас, Руне, Багдатис…може да се очекува и во оваа 2024 година Ѓоковиќ за освои две-три грен слем пехари.

-Претпоставувам дека сега е премногу разочаран, но за неколку дена ќе каже „навистина беше премногу тешко“. Ќе каже, се враќам на нормалниот притисок, на оној на кој сум навикнат, а тоа е притисокот кога си број еден и најдобар играч на сите времиња. Затоа го имам тоа чувство. Сè уште мислам дека Новак ќе освои два-три грен слема оваа година, -заклучи Муратоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни